Канада по 27. пат е светски хокеарски шампион (ВИДЕО)

216

Хокеарите на Канада се новите светски шампиони, откако вечерва во големото финале во Рига по продолженија ја победија Финска со 3:2.

За Канаѓаните ова беше нивно 27-мо злато, што ги изедначува со Русија (заедно со СССР). Сепак, ова злато има посебна тежина, ако се знае дека Канада почна со три порази, беше на работ на елиминација, но се врати дури за финале, па и за злато.

Во ова финале Финска водеше двапати, но Канаѓаните израмнуваа и се изборија за продолженија. Таму Ник Пол донесе голема радост во седмата минута од дополнителното време.

ПретходноАтланта ја шокираше Филаделфија и тргна со водство во полуфиналето на Истокот (ВИДЕО)
СледноПовторно само сребрени: Данците, пак, не победија во Струмица и ни го земаа златото