Манчестер Јунајтед со нова офанзива за Санчо

283

Јунајтед повторно со цела сила се обидува да го доведе Џејдон Санчо. Клубот повторно преговара со претставниците на играчот, бидејќи финансиските услови на предложениот договор се исти како и пред една година, а неговото времетраење се очекува да биде до 2026 година. Сепак, сè уште не е доставена официјална понуда до Дортмунд. „Милионерите“  му ветија на Санчо дека ќе го продадат ова лето, но само со соодветна понуда. Цената на англискиот репрезентативец е околу 90 милиони евра, што е за 30 милиони евра помалку од сумата што клубот ја сакаше минатата година, кога „црвените ѓаволи“ се обидуваа да го доведат. Ливерпул исто така се поврзуваше со името на младиот талент, но од „Редси“ не презедоа ништо за негов трансфер. 

 

ПретходноЛудо во Баку: Верстапен беше пред победа но му пукна гумата, потоа Хамилтон излета, а Перез ја „зграпчи“ победата
СледноНишто од договор: Конте е прескапа “играчка“ за Тотенхем!