Повторно само сребрени: Данците, пак, не победија во Струмица и ни го земаа златото

384

И по четврттипат македонската одбојкарска репрезентација остана само „сребрена“ во Европската сребрена лига. Во финалето на Ф4 турнирот во Струмица, нашите одбојкари загубија од Данска со 1:3 (25-23, 19-25, 25-27, 19-25) и не успеаја да го остварат сонот, злато од ова европско репрезентативно натпреварување.

Со поддршката на добро пополнетото гледалиште одлично го почнавме мечот и во првиот сет успеавме тотално да ги разбиеме Данците. Поведовме со 6:1, потоа дојдовме и до 8:3, а предноста успеавме добро да ја менаџираме до крајот на сетот. Данците се заканија во финишот, но ние ја искористивме првата сет-топка за 25:23 и водство од 1:0.

Иако стартот најавуваше одлично продолжение, така не мислеа гостите. Почнавме со предност од 8:5, по што неочекувано почнавме да паѓаме. Данска ги користеше добриот сервис и блок, а ние не успеавме да се вратиме до крајот. Данска со 25:19 дојде до 1:1.

Во третиот сет кој требаше да биде клучен за епилогот на мечот, Данска имаше повеќе нерви. Ние водевме до 21:20, но во финишот Данска успеа да се избори за сет на разлика, а таму по две сет-топки стигнаа до 27:25 и до водство од 2:1.

Во тертиот сет беше исклучително тешко. Ние се обидовме да им парираме се до средината, но Данска имаше предност која само еднаш можевме да ја нападнеме за израмнување. Нападот по средина Љафтов го испрати во аут, Данска се врати во предност и на крајот со убедливи 25:19 дојде до победа од 3:1 и освојување на златото.

По 14 поени денеска кај нас имаа Н. Ѓорѓиев и Љафтов, додека кај Данска блескаше Мадс Јенсен кој заврши со 32 поени.

ПретходноКанада по 27. пат е светски хокеарски шампион (ВИДЕО)
СледноАлегри ќе разговара за иднината на Роналдо во Јувентус