Рашфорд ќе се оперира по Европското првенство

337

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и Англија , Маркус Рашфорд планира да биде опериран по завршувањето на Европското првенство и може да го пропушти почетокот на следната сезона 2021/2022, тврди „Мирор“.

Тој има повреди на стапалото и рамото, но најверојатно ќе биде опериран само на ногата. И покрај здравствените проблеми, напаѓачот одигра 57 натпревари за Јунајтед изминатава сезона, во која постигна 21 гол и 15 асистенции. На Евро 2020, кое започнува на 11 јуни, Англија е во група со светскиот вицешампион Хрватска, Шкотска и Чешка.

ПретходноАндонова во стилот на Ибрахимовиќ, Кавани, Бекам…. постигна гол од 40 метри (ВИДЕО)
СледноБараж: Воска ја победи Фортуна и е на чекор до пласман во ВМФЛ – ЗАПАД!