“Рисовите“ го одработија последниот тренинг пред летот за Букурешт, тука беше и Барди!

1169

Нашата фудбалска репрезентација со попладневниот тренинг на ФФМ, ги заврши своите подготовки во Скопје пред летот за Букурешт, закажан за во вторник. Утре “рисовите“ ќе имаат слободен ден, а како што веќе рековме, во вторник ги чека патување со чартер лет за Букурешт, каде на 13 јуни ќе го одиграат својот прв меч на ЕП и тоа против Австрија.

Тренингот мина во добра атмосфера, работно, тука беше и Енис Барди кој вчера, од како се дозна неговиот ковид – тест дека е негативен, веднаш се приклучи на своите репрезентативни колеги.

Со неговото враќање и онака добрата амосфера сега е одлична. Нам ни останува да очекуваме добри резултати од нашите херои на ЕУРО 2020, на првото големо фудбалско натпреварување на кое ќе учествува и нашата фудбалска репрезентација.

ПретходноМитревски и Порто го освоија и Купот на Португалија
СледноСамарџиев горд на кошаркарите: За нас финалето е успех рамен на титула!