Ремито на Холандија со Шкотска 2:2 не ги задоволи фановите на „лалињата“ пред почетокот на ЕП 2020. Роналд де Бур, братот на селекторот на Холандија Франк де Бур, ја разбира желбата да се воспостави шема 5-3-2, што е нетипична за холандскиот фудбал, и додаде дека веројатно легендата Јохан Кројф се превртува во гроб со ваква формација на Холандија.
Мемфис Депај со гол во последните минути ги спаси Холанѓаните од пораз пред стартот на ЕП.
„Јохан Кројф веројатно се превртува во гроб. Веројатно го прави истото и кога ги гледа натпреварите на Барселона со Роналд Куман. Може да биде атрактивна формација, во зависност од тоа како и кога ја користите. На пример, кога имате двајца добри напаѓачи во противничката екипа, корисно е да ставите уште еден играч во дефанзивниот ред. На тој начин ќе си создадете сигурност во дефанзивата, а можете да се транформирате во офанзивна варијанта. А според мене, недозволиво е да се оди со таква шема против послабо рангирани селекции од тебе“, коментира Роналд де Бур.










