Точно 20 години од дебито на „Гранде Пандев“ за Македонија (видео)

437

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев пред точно 20 години првпат настапи во дресот со националните обележја. Тоа беше натпреварот со Турција во квалификациите за СП 2002 кој заврши 3:3.

Од тогаш па до денес, Пандев стана рекордер по број на натпревари за Македонија (119) и број на голови (37) од кои 66 меча му се како капитен.

Врвот на кариерата го достигна оваа година кога со Македонија ќе игра на Европското првенство во фудбал. Токму тој го даде победничкиот гол против Грузија во плеј-офот со кој Македонија за првпат избори пласман на континенталното натпреварување.

ПретходноРоналд де Бур за холандската 5-3-2: „Кројф се превртува во гробот“
СледноМладост 96 е новиот шампион на Македонија во пинг понг!