Место предвидените 371 милиони евра, наградниот фонд за репрезентациите на ЕУРО 2020 ќе изнесува “само“ 331 милиони евра. Сепак и овој награден фонд ќе биде најголем, ако се знае дека досегашниот рекорд беше 301 милиони од последното ЕП 2016 година во Франција.
Ова е одлука на УЕФА во пресрет на стартот на ЕУРО 2020 на 11 јуни (петок).
Македонија, односно Фудбалската федерациј, со пласманот на репрезентацијата на ЕУРО 2020, веќе заработи 9,25 милиони евра.
УЕФА на секоја од 24 селекции кои ќе играат на ЕП ќе им исплати по 9,25 милиони евра, како што и беше најавено.
Кратењето е за пласманот во следните фази.
Па така ако Македонија се пласира во осминафиналето, како и секоја друга селекција, место предвидените дополнителни 2 милиони евра, ќе добие 1,5 милиони. За пласман во четвртфиналето место 3,25 милиони евра, премијата ќе изнесува само 2,25 милиони евра плус. Полуфиналето ќе вреди плус 4 милиони евра место планираните 5, а финалето пет милиони место планираните седум, а првакот ќе добие 8 милиони евра место предвидените 10.
Значи победникот на ЕУРО 2020 се очекува да добие вкупна награда од 28,25 милиони евра.










