МЗТ Скопје е на победа до обединување на двете титули оваа сезона. Избраниците на Дарко Радуловиќ водат со 2-0 во плеј-оф серијата, денеска на домашен терен (17:30 часот) ќе имаат шанса да го подигнат осмиот пехар во својата историја.
„Немавме време за славје затоа што мораше да ги искористиме овие два дена за одмор и рекуперација. Се со една цел, денеска да го одбраниме домашниот терен и да ја оствариме нашата цел – да ја освоиме и шампионската титула. Сега сме многу блиску до тоа остварување, но треба да одиграме на уште повисоко ниво во однос на првите два натпревари против еден противник кој никогаш не се предава“, изјави Андреј Магдевски.
Еуро Никел и двата меча ги загуби по голема драма, во Гевгелија имаше убава шанса да израмни, но падна во клучните моменти.
„И покрај тоа што е 2-0 во серијата сметам дека ништо не е готово, ќе одиме да дадеме се од себе во Скопје. Во ниеден случај не се предаваме, ќе го дадеме максимумот и се надевам дека ќе успееме да ја продолжиме серијата“, нави Самарџиев.










