Македонските репрезентативци Елиф Елмас, Горан Пандев, Езџан Алиоски и селекторот Игор Ангеловски се гости во најновата емисија на „Еден на еден“ по повод Европското првенство во фудбал. Елиф даде прогноза за шансите на Македонија во групната фаза во која се уште селекциите на Украина, Австрија и Холандија. Два меча играме во Букурешт, еден во Амстердам.
„Сите три натпревари ќе ги победиме“, е изјавата на Елмас.
Дај Боже да биде така!
Емисијата „Еден на еден“ ќе се емитува во недела со почеток од 18:30 часот на „Канал 5“ телевизија.










