Роџер Федерер по голема драма и тешка битка го совлада Доминик Коефер, ова беше меч кој траеше три часа и 35 минути. По завршување на средбата швајцарскиот тенисер одржа интересна прес-конференција на која најави повлекување од Ролан Гарос, тој можеби нема да го одигра осминафиналето против Италијанецот, Матео Беретини.
„Би сакал да бидам во позицијата на Надал или Новак, кои се чувствуваат добро, знаат дека можат да победат. Јас го немам тоа чувство. Потребни ми се вакви мечеви за да можам да видам што ќе биде следно. Морам да одлучам дали ќе продолжам да игра или не (на овој турнир). Дали ова е преголем ризик во овој момент. Морам да видам што е најдобро за Вимблдон, после Ролан Гаорс немам немам ниту недела дена пауза. Многу работи се случуваат, но после ваков меч не знам што ќе биде, конечната одлука ќе ја донесам со мојот тим“, најави Федерер.
Доколку Федерер го совлада Италијанецот, во четвртфиналето треба да се сретне со Ѓоковиќ, секако ако Ноле го добие дуелот со Лоренцо Музети.