Репрезентацијата на Холандија, успеа без поголеми проблеми да триумфира на последниот пријателски натпревар пред заминувањето на Европското првенство. Нашиот ривал од групната фаза, на домашен терен предмалку славеше со 3:0 над селекцијата на Грузија со головите на Депај, Вегхорст односно Гравенберш.
Холандија претстојното ЕУРО го стартува на 13 јуни со мечот против Украина.










