Јунајтед повторно со цела сила се обидува да го доведе Џејдон Санчо. Клубот повторно преговара со претставниците на играчот, бидејќи финансиските услови на предложениот договор се исти како и пред една година, а неговото времетраење се очекува да биде до 2026 година. Сепак, сè уште не е доставена официјална понуда до Дортмунд. „Милионерите“ му ветија на Санчо дека ќе го продадат ова лето, но само со соодветна понуда. Цената на англискиот репрезентативец е околу 90 милиони евра, што е за 30 милиони евра помалку од сумата што клубот ја сакаше минатата година, кога „црвените ѓаволи“ се обидуваа да го доведат. Ливерпул исто така се поврзуваше со името на младиот талент, но од „Редси“ не презедоа ништо за негов трансфер.










