Пред стартот на вечерашното финале од Европската Сребрена лига во Струмица, Одбојкарската федерација на Македонија на шест наши репрезентативци им врачи посебни признанија за одиграни 100 официјални натпревари во дресот со државниот грб.
Претседателот на ОФМ, Петар Стојановски, со посебни плакети ги награди репрезентативците Владо Милев, Никола Ѓорѓиев, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Александар Љафтов, Филип Деспотовски и Дарко Ангеловски.
фото: CEV.eu