Симиќ со 9 поени не успеа да и донесе титула на Барселона во јуниорската Евролига

359

Јуниорите на Барселона го загубија големото финале на младинската Евролига на завршниот турнир во Валенсија. Каталонците во чии редови е и нашиот млад репрезентативец Теодор Симиќ беа поразени од лутиот ривал Реал (М) со 81:78 иако одиграа еден исклучителен меч со многу возбудувања до самиот крај.

Тео Симиќ денеска доби близу 20 минути на паркетот и веднаш ја покажа својата вредност. Средбата ја заврши со 9 поени (3/4 за два и 1/3 за три), додавајќи и два скока.

ПретходноОФМ со посебни плакети за 100 репрезентативни настапи на одбојкарите (ФОТО)
СледноВуков извади максимум во Римини, добар почеток на сезоната