Нашата фудбалска репрезентација со попладневниот тренинг на ФФМ, ги заврши своите подготовки во Скопје пред летот за Букурешт, закажан за во вторник. Утре “рисовите“ ќе имаат слободен ден, а како што веќе рековме, во вторник ги чека патување со чартер лет за Букурешт, каде на 13 јуни ќе го одиграат својот прв меч на ЕП и тоа против Австрија.
Тренингот мина во добра атмосфера, работно, тука беше и Енис Барди кој вчера, од како се дозна неговиот ковид – тест дека е негативен, веднаш се приклучи на своите репрезентативни колеги.
Со неговото враќање и онака добрата амосфера сега е одлична. Нам ни останува да очекуваме добри резултати од нашите херои на ЕУРО 2020, на првото големо фудбалско натпреварување на кое ќе учествува и нашата фудбалска репрезентација.










