Пораз за Пешевски, победа за Миркуловски

278

Половичен учинок за македонските репрезентативци кои настапуваат во Бундес-лигата. Жарко Пешевски на домашен терен беше поразен, додека Филип Миркуловски запиша победа.

Штутгарт на репрезентативниот пикер беше совладан од Ерланген со 25-27 во рамките на 36. кол. Тимот на Пешевски беше подобар во првото полувреме, имаше позитива од 12-8, на одморот 13-11. Во вториот дел гостите го превземаа водството, во резултатската нишалка подобро се снајдоа. Пешевски мечот го заврши со три гола.

На победа број 17 оваа сезона се израдуваа Миркуловски и Вецлар, го совладаа Лајпциг со 29-26 и ставија крај на серијата од три порази во низа. Вецлар сосема заслужено се радуваше на бодовите, во голем дел од мечот беше подобар противник. Македонецот не се запиша во листата на стрелци.

По 36. коло, Вецлар е на 10. место на табелата, додека пак Штутгарт е 14.

ПретходноФенербахче со официјална понуда до Алиоски!
СледноХеројот на Германците: Дресот на Роналдо? Денеска не му го побарав, оставете ме да уживам во победата!