Кошаркарките на Србија станаа еворпски прваци, после шест години и повторно против истиот ривал. Србинките беа подобри од Франција, и со девет разлика (63:54) издвојуваа победа во најважниот меч на Евробаскетот.
Соња Васиќ, Тина Крајишник и Ивон Андерсон беа најдобри кај Србинките, и најзаслужни за победата.
Србија доминираше уште на самиот почеток, и направи 13 разлика, но падот во последните мигови од првиот дел придонесе да стигнат до пет.
Во вториот дел како одминуваше времето, разликата за Србија растеше, и стигнаа до +18, но повторно еден пад во играта и повторно Франција стигна. Во последната четвртина Србинките беа смирени, повторно избегаа на двоцифрена предност, која Французинките не можеа повеќе да ја стигнат.