Викендов се играат сите осум меча од 23.коло во ВМФЛ. Дербито се игра на Автокоманда, каде домашниот состав на Скопје се среќава со Брегалница. Ова ќе биде големо дерби, се очекува голема битка ако се знае дека „пиратите“ кои сега се лидери имаат само бод повеќе од штипските “сини“ кои со победата дома во минатото коло против Охрид и тоа како се вртија во игра за првото место на табелата кое води директно во нашата фудбалска елита.
Скопје е прво со 50, бодови, следуваат Охрид, Брегалница и Шкендија (А) кои имаат по 49.
Шкендија (А) како домаќин се среќава со Тетекс, додека Охрид игра дома со Новаци.
Утре се игра последниот меч од ова коло меѓу Г.Коњари и Вардар (Н).
ДВОЈКИ ЗА 23.КОЛО – ДЕНЕСКА (15:30 Ч)
Шкендија (А) – Тетекс
Беласица – Осогово
Слога (В) – Победа
Детонит – Кожув
Скопје – Брегалница
Преспа – Саса
Охрид – Новаци (13:30 Ч)
НЕДЕЛА, 15:30 Ч
Г. Коњари – Вардар (Н)
ТАБЕЛА
Скопје 50, Охрид 49, Брегалница 49, Шкендија (А) 49, Беласица 44, Осогово 42, Новаци 40, Детонит 38, Кожув 32, Тетекс 30, Саса 25, Вардар (Н) 15, Преспа 12, Победа 11, Слога (В) 8, Г. Коњари 7.










