Откако денеска Мијалче Прошев сега веќе екс тренерот на Брегалница беше разрешен, во Штип имаме експресна реакција на тема нов шеф на стручен штаб.
Искусниот стратег со интернационално искуство Џенгис Реџепи е нов предводник на штипјани.
Оваа информација ја споделија од ФК Брегалница пред само неколку минути.
Реџепи во својата кариера досега ги водеше Беса, Љапи (Албанија), Дуќагини (Косово), Лирија (Косово), Фероникели (Косово), Трепча (Косово), Влазними (Косово), а како асистент тренер работел во Сиваспор во турската прва лига, а му беше помошник и на Игор Ангеловски во најдобрата македонска репрезентација во период од 2017 до 2021 година.















