Денот кога Тајсон му го одгриза увото на Холифилд (ВИДЕО)

241

На денешен ден 28 јуни 1997 година, во Лас Вегас се одржа една од најпознатите борби во историјата на боксот. Американците Ивандер Холифилд и Мајк Тајсон се бореа за титулата во тешка категорија, според ВБА .

На околу 40 секунди пред крајот на третата рунда се случи голем инцидент во кој Тајсон одгриза дел од десното уво на неговиот противник. После тоа, дуелот беше прекинат и Тајсон беше казнет со намалување на два поени. По четири минути, дуелот продолжи, но Тајсон повторно направи инцидент, овој пат го гризна левото уво на противникот и беше дисквалификуван.

Некогаш најдобриот боксер на светот не сакаше да се согласи со одлуката на судијата, па целосно ги изгуби нервоите и предизвика тепачка со чуварите и луѓето од таборот на Холифилд.

Спортската комисија во Невада тогаш го казни Тајсон со 3 милиони долари казна и едногодишна суспензија.

ПретходноМилвоки направи „брејк“ во Атланта и поведе во Источното финале
СледноЕквадор извлече реми против „резервистите“ на Бразил (ВИДЕО)