Во третиот натпревар од финалето на Источната конференција во НБА лигата, кошаркарите на Милвоки Бакс на гости славеа против Атланта со 113:102 и успеаја да дојдат до предност од 2:1 во победи на патот кон големото финале.
Милвоки уште еднаш покажа дека не се потпира само на еден играч. Крис Мидлтон одлично се снајде во гостинскиот тим, постигна 38 поени и беше играч кој во последната четвртина о повлече целиот тим.
Мидлтон, кој постигна 20 поени само во последната четвртина, додаде 11 скока и седум асистенции.
Кај домашните кошаркари најуспешен беше Треј Јанг, кој собра 35 поени. Четвртиот натпревар ќе биде закажан за среда навечер во Атланта.