Сензационалниот пораз од Чешка во осминафиналето на Европското првенство може да се претвори во отказ за 51-годишниот селектор на холандската репрезентација Франк де Бур. Веста синоќа ја објавија повеќе угледни светски новинари.
Според информациите, раководството на Холандската федерација уште синоќа било подготвено да му соопшти на Де Бур дека соработката ќе биде прекината. Многу членови на управниот одбор на холандската фудбалска федерација се незадоволни од работата на селекторот, а гневни на синоќешниот пораз во осминафиналето, каде „лалињата“ влегоа како големи фаворити.