Португалскиот репрезентативец Андре Силва ќе го смени клубот во Германија. Според германскиот весник „Билд“, 25-годишниот напаѓач, кој имаше одлична сезона ќе го напушти Ајнтрахт Франкфурт и ќе оди во РБ Лајпциг.
Сумата што Лајцпиг ќе ја плати изнесува 25 милиони евра во кеш плус уште 10 милиони во бонуси во зависност од бројот на голови и успесите на клубот.
Андре Силва ја почна кариерата во Порто, па отиде во Милан каде не се снајде и беше позајмуван во Севиља, па во Ајнтрахт, а германскиот клуб го откупи во 2020 година. Минатата сезона имаше одличен ефект, на 32 меча во Бундес лигата постигна 28 голови.
ФОТО: Твитер