Очигледно е дека Воска, новиот второлигаш на западот нема намера да игра епизодна улога во претстојната сезона. Имено вечерва раководството на клубот го промовираше Изаир Емини, некогашен член на Шкендија, Ренова, албанскиот Кукс, последен клуб му беше косовската Дрита, инаку некогашен репрезентативец на Македонија.
Ова е првото големо засилување на Воска, клуб кој со Раде Цицмиловиќ на клупата најавува битка и за горниот дел на табелата.
Претходно Воска се засили и со Шпенд Асани, Ардит Демир и Емир Алиу.