Еден од најплатените играчи во изминатиот период во тимот на Динамо Загреб, Изет Хајровиќ го напушти Максимир. Офанзивецот кој годишно заработуваше 850.000 евра се сели во Арис од Солун и ќе настапува одсега во шампионатот на Грција.
Хајровиќ е екс младински репрезентативец на Швајцарија, но подоцна се реши да настапува за БИХ, а во Динамо е од 2018 година. Освои голем број на трофеи со клубот, како што е тоа обичај на Максимир, а играше и во групните фаази од Лигата на Шампионите, односно Лигата на Европа.