Играчот за врска Отавио може да го напушти Порто ова лето. Според „А Бола“, Ливерпул е заинтересиран за потпис на играчот. „Црвените“ понудиле 23 милиони евра за Бразилецот, со можност да го испрати и играчот за врска Марко Грујиќ како дел од размената. Грујиќ минатата сезона играше како позајмен играч во Порто.
Португалскиот клуб инсистира на обештетување од 40 милиони евра, но Ливерпул не е подготвен да ја плати цела сума. Минатата сезона 26-годишниот Отавио одигра 26 натпревари во португалскиот шампионат и реализираше 8 асистенции.