„Гордиот Албион“ во финишот ги „скрши“ Германците и отиде во четвртфинале (видео)

195

Репрезентацијата на Англија се пласира во четвртфиналето на ЕУРО 2020 откако вечерва го победи стариот ривал Германија на „Вембли“ со 2:0. Во последната четвртина од мечот Англичаните ги дадоа двата гола вредни пласман меѓу осумте најдобри.

По првите 45 минути Тимо Вернер имаше шанса за Германците на почетокот, а на крајот на првите 45 минути по соло продорот на Стерлинг, Хари Кејн се најде во одлична позиција, но Хумелс реагираше и ја исфрли топката далеку од голот.
На почетокот на вториот дел Каи Хаверц шутна под пречката, но Пикфорд ја исфрли во корнер. Следуваше здодевен период, без шанси, со многу прекини и тактизирање е до 75 минута кога Шо уфрли по земја, а Стерлинг од неколку метри ја смести топката во германскиот гол.
Во 81. минута прекрасна шанса за Томас Милер. Фудбалерот на Баерн се стрча како молња, излезе сам пред Пикфорд но шутна покрај голот.

Четири минути подоцна брза акција на англиските фудбалери, Грилиш уфрли од лево, а Хејн го погоди голот на Ноер.
Англија ќе го чека подобриот од мечот Шведска-Украина.

ПретходноМакедонскиот шампион ги победи Бугарите во Банско! (видео)
СледноАндре Силва оди во Лајпциг за 23 милиони евра!