Македонскиот шампион ги победи Бугарите во Банско! (видео)

1019

Шкендија со 3:2 успеа да го победи бугарскиот тим ЦСКА 1948 Софија во пријателски натпревар кој се одигра попладнево во Банско. Ова беше последната контролна средба за нашиот шампион пред првиот меч со Мура, во рамките на 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, значи тетовци имаа успешна “генералка“. Според извештаите од Банско, Шкендија била далеку подобар противник, посебно во првата фаза од средбата и можела и морала да триумфира со поголема разлика од тие 3:2.

Стрелци на головите за Шкендија беа Зејнулаи во 22.минута, Видев си даде автогол за 2:0 во 53.минута, Ибраими од пенал во 59.минута зголеми на 3:1. Головите за ЦСКА 1948 ги постигнаа Климентов во 57. и Цанев во 74.минута.

Инаку Шкендија мечот го започна со следните едианесетмина: Захов, Мурати, Кривак, Бејтулаи, Павич, Алими, Зејнулаи, Чака, Нафиу, Дориев, Ибраими. Во продолжение од средбата тренерот Ернест Ѓока им даде минутажа на уште неколку свои играчи.

Ова беше четврта контрола за Шкендија ова лето. Претходно играше со Приштина (0:2), Шкупи (2:0), Лачи (2:1).

ВИДЕО: sportal.bg

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Хумелс го спречи Кејн да даде гол – 0:0 на „Вембли“
Следно„Гордиот Албион“ во финишот ги „скрши“ Германците и отиде во четвртфинале (видео)