ОФИЦИЈАЛНО: Де Бур не е повеќе селектор на Холандија

145

Два дена по елиминацијата на Холандија од ЕУРО 2020, Франк де Бур поднесе оставка од селекторската функција. „Лалињата“ со 100% ефект ја поминаа групната фаза, но наидоа на „челичната“ Чешка во осминафиналето и изгубија со 2:0.

Претходно трпеше жестоки критики поради стилот и формацијата на игра 5-3-2, но тој упорно го форсираше, а сега кога „удри во ѕид“ поднесе оставка. Сега Фудбалската федерација на Холандија ќе мора да побара нов селектор кој ќе ги продолжи квалификациите за СП 2022.

На 1 септември Холандија ќе игра со Норвешка во Осло.

ПретходноФернандињо во Сити и следната сезона
СледноКлоп, ти ли си или не си? (видео)