Капитенот на Манчестер Сити, Фернандињо ќе остане во клубот и следната сезона откако потпиша нов договор на една година. Бразилецот би бил слободен агент за два дена, но беше договорено да остане уште една сезона во клубот, иако на крајот од истата ќе има 37 години.
Фернандињо веќе одигра осум сезони со „граѓаните“, освојувајќи 12 трофеи во тој период, забележувајќи 350 натпревари со 24 погодоци и 28 асистенции.