Изет Хајровиќ си замина од Динамо Загреб и се сели во Арис

216

Еден од најплатените играчи во изминатиот период во тимот на Динамо Загреб, Изет Хајровиќ го напушти Максимир. Офанзивецот кој годишно заработуваше 850.000 евра се сели во Арис од Солун и ќе настапува одсега во шампионатот на Грција.

Хајровиќ е екс младински репрезентативец на Швајцарија, но подоцна се реши да настапува за БИХ, а во Динамо е од 2018 година. Освои голем број на трофеи со клубот, како што е тоа обичај на Максимир, а играше и во групните фаази од Лигата на Шампионите, односно Лигата на Европа.

 

 

ПретходноБарса го избрка играчот кој чинеше половина милион по минута
СледноУште еден легендарен грчки кошаркар стави крај на кариерата