Аргентинските фудбалери се пласираа во полуфиналето на Копа Америка откако рутински ја совладаа селекцијата на Еквадор со 3:0. Доминираше Лионел Меси кој учествуваше во сите три гола (две асистенции и еден гол). Аргентина во полуфиналето ќе игра со Колумбија, која го исфрли Уругвај после пеналите.
Меси го почна натпреварот со промашување кога ја погоди стативата, а во 40 минута асистираше до Де Паул за водство на Аргентинците.
На вториот гол се чекаше до финишот кога Ди Марија одлично реагираше, а Меси додаде до Мартинез кој ја заби топката под пречка.
И потоа најдоброто за крај. Меси од слободен удар ја смести топката во горниот десен агол за конечен триумф од 3:0.
Во регуларниот дел на мечот Уругвај – Колумбија немаше голови, па ниту низ продолженијата, па така се изведуваа пенали.
Таму со 4:2 триумфираше Колумбија. Погодија Запата, Санчез, Мина и Борха, додека кај Уругвај погодија Кавани и Суарез, а промашија Хименез и Вина.
Во другото полуфинале се среќаваат Бразил – Перу.