Македонскиот кикбоксер Глигор Николов го доби златото на Светското јуниорско првенство кое се одржува во Лидо ди Јесело. Во овој италијански град одекна македонска химна во чест на нашиот Николов, кој победи во категоријата до 67 килограм – лоу кик.
За потсетување во финалето Глигор славеше против Хасан Алеќаров од Азербјеџан.
Бронзениот медал денеска го доби и Петар Лозановски.

Македонија утре ќе се бори за уште две светски злати. Во финалните натпревари, во своите категории, ќе се борат и Томи Андонов против Алекса Алексов од Србија, како и Калин Бабоски против Матви Кујавец од Украина.
Претходно, со бронзен медал се закити и Драгица Глигорова откако не успеа да слави во полуфиналето против грчката натпреварувачка Евагелија Китсоу.
Иако Министерството за спорт не издови средства за нашите спортисти кои жнеат медали на Светското првенство, сепак вечерва испрати честитки до Николов.










