Марио Балотели се сели во Турција

541

Како што стојат работите во моментов, Марио Балотели следната сезона ќе ја почне во Турција. Имено, екипата на Адана Демирспор му понудила на Балотели договор до 2023 година, а се чини дека Италијанецот се согласил на условите.

Според некои медиуми, Италијанецот треба да дојде во Турција кон средината на следната недела за да го финализира трансферот, откако ќе ги мине лекарските прегледи.

Минатата сезона Балотели играше за Монца во Серија Б. Постигна неколку важни голови, но на крајот тимот не успеа да стигне до Серија А.

ПретходноТотенхем се загреа за Харис Сеферовиќ
СледноУште едно изненадување: Чешка ја прегази Грција и обезбеди олимписка виза