Уф, каков настап на Феран Торес во дресот на ПСЖ во првиот меч во ЛШ сезонава. Победа на европскиот првак со 6:1 против Слован, ама ѕвездата на вечерта е Феран Торес кој ова лето дојде од Барселона, човекот кој на Шпанија и ја донесе титулата светски првак на СП 2026.
Феран, Феран, Феран, двапати стрелаше Дембеле а и Руиз се запиша во листата на стрелците за тимот кој ја брани круната во ЛШ.
Арсенал со голот на Едегард во 75.минута славеше кај Наполи на гости, додека Ливерпул со пресврт успеа на „Енфилд“ да го победи Атлетико Мадрид со 2:1. Љоренте донесе водство на гостите, за да Собослаи и Мекалистер стрелаа за победа на “Редси“.
И во Лисабон, домашниот Спортинг го победи Галатасарај со 3:1 иако гостите поведоа уште во 5.минута.










