Распоред за 7.коло: Дербито во Кавадарци се игра утре, Вардар в сабота гостува во Куманово

144
ФОТО: FFM.MK

Од утре па се до понеделник се играат сите натпревари од 7.коло во ПМФЛ. Ако минатиот викенд немаше прволигашки фудбал во недела, сега сепак ќе има и тоа еден меч, оној меѓу Силекс и Брегалница.

Дербито на колото се игра утре (петк) во Кавадарци од 16 часот, а се среќаваат третиот Тиквеш и втората Струга ТЛ. Во истиот термин се игра и дуелот Арсими – Шкендија.

Вардар в сабота ќе му гостува на Башкими, а во понеделник на Чаир ќе има скопска пресметка, се среќаваат Шкендија (А) и Скопје.

ДВОЈКИ И САТНИЦА ЗА 7.КОЛО ВО ПМФЛ

ПЕТОК – 16.00 Ч

Кавадарци: Тиквеш – Струга ТЛ

Гостовар: Арсими – Шкендија

САБОТА – 16.00 Ч

Куманово: Башкими – Вардар

НЕДЕЛА – 15.45 Ч

Кратово: Силекс – Брегалница

ПОНЕДЕЛНИК – 16.00 Ч

Скопје (Чаир): Шкендија (А) – Скопје

ПретходноФеран со хет-трик а ПСЖ со “шестка“ против Слован, Ливерпул и Арсенал победнички, Галата со пораз во Лисабон
СледноЗверев во супер форма, познати се сите полуфиналисти на УС Опен!(ФОТО)