Еуро 2020: Пеналите ја „лансираа“ Италија во големото финале (ВИДЕО)

447

По подобро изведување на пенали, селекцијата на Италија обезбеди финале на Еуро 2020. По нерешените 1:1 во регуларните 90. минути и по продолжението, следуваше пенал-рулетот кој им припадна на „аѕурите“. За Италија ова ќе биде четврто финале на ЕП, со шанса конечно по долга пауза да се обидат да го освојат златото.

Првиот дел на „Вембли“ помина главно во неинвентивен и прилично досаден фудбал. Шпанците ја имаа повеќе топката в нозе, но без вистинска шанса за гол. Единствената можност ја имаше Дани Олмо во 25. минута, но Донарума одбрани.

Италија во последната минута од првиот дел се закани преку Емерсон Палмиери, кој ја погоди пречката.

Вториот дел почна многу подобро. И Италијанците и Шпанците како да сфатија дека треба да се обидат со малку поотворен гард. Првата вистинска шанса, практично, и веднаш донесе гол. Киеза успеа да освои топка во шеснаесетникот на противникот и со еден извонредно пласиран удар ја смести топката во голот на Симон за водство на „аѕурите“ од 1:0.

 

Шпанија можеше веднаш да возврати, но Ојарзабал по една уфрлена топка, биеше со глава крај голот на Донарума. Шпанците направија уште неколку шанси во продолжение, но Олмо не успеа исто така да реализира.

Италија имаше шанса и преку Берарди во 68. минута, но шутираше по средината на голот на Симон.

На самиот почеток на 80. минута, извонредна двојна комбинација Олмо – Мората донесе гол. Резервистот Алваро Мората доби одлична топка, го одбра вистинскиот агол и погоди за израмнување на 1:1.

 

Шпанија некако подобро ги почна продолженијата и успеа да направи неколку полушанси за водство. Во 98. минута, Олмо имаше обид од слободен удар, топката се одби до Мората, кој се обиде да бие, но беше изблокиран.

Италијанците исто така во неколку наврати полекоа добри контранапади, но безуспешно.

ПЕНАЛ СЕРИЈА

Следуваа пеналите како момент на одлука. Италија прва биеше, но ударот на Локатели, Симон успеа да го одбрани. Ништо подобар не беше ни Олмо. Тој биеше над голот.

Во втората серија, конечно гол. Белоти погоди за водство на Италија од 1:0. Успешен беше и Морено за Шпанија за 1:1.

Бонучи со гол за 2:1 ја отвори третата серија. Мудро, Тијаго Алкантара го погоди аголот од голот на Донарума за ново израмнување, 2:2.

Извонреден шут на Бернардески во горниот агол за 3:2 за Италија. Ударот на Мората, Донарума успеа да го одбрани и ја донесе на гол селекцијата на Италија до финале.

Решавачкиот удар на Жоржињо само ја потврди победата на Италија и местото во финалето.

ПретходноСаутгејт: За разлика од нас, Данците еднаш го освоија европското првенство
СледноШкупи го промовираше и деветтото засилување ова лето