Во пресрет на првиот меч со екипата на Лапи во европските купови, екипата на Шкупи го промовираше своето деветто засилување ова лето. Станува звор за централниот дефанзивец, 19-годишниот Александар Ѓурковски од екипата на Вардар.
Тој е најмладото засилување за чаирчани.
„Пред сè, сакам да и се заблагодарам на управата на клубот и тренерот Гоце Седлоски, за довербата и дадената можност да бидам дел од Шкупи. Знам дека се очекува многу од тимот како во локалното првенство, така и на меѓународната сцена. Токму тоа беше причината што решив да потпишам Очекувам наскоро да се прилагодам во клубот и ќе работам напорно за да ги оправдам очекувањата“, изјавил Ѓурковски.















