Анчелоти му се јавил на Ришарлисон и му понудил трансфер во Реал

766

Новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој претходно работеше во Евертон, го контактирал бразилскиот напаѓач Ришарлисон, за да му понуди трансфер во неговиот нов тим.

Според информацијата која е објавена утринава,Евертон сè уште не добил официјална понуда за Бразилецот од екипата на Реал Мадрид. Во моментов, 24-годишниот напаѓач игра за репрезентацијата на Бразил на Копа Америка 2021.

Ришарлисон дојде во Евертон во 2018 година, а оттогаш има 42 гола на 119 настапи. Цената на фудбалерот е проценета на 55 милиони евра.

ПретходноСестрата на трагично загинатиот Емилијано Сала се обидела да се самоубие!
СледноЕуро 2020: Англија против проклетството на полуфинални порази, Данска по нова сензација