Марио Балотели во следните три години ќе игра во Адана Демирспор. Станува збор за нов прволигаш, кој што има големи амбиции.
Некогашниот фудбалер на Милан, Интер, Манчестер Сити, Ливерпул, Ница, Бреша и Монца, изненадувачки се одлучи да го одбере овој тим, и покрај тоа што имаше неколку други опции.
Адана Демирспор е клуб во кој игра уште едно познато име. Станува збор за Инлер, фудбалер кој во минатото беше дел од Наполи.










