Нагелсман: Сè уште не верувам дека сум тренер на Баерн

751

Новиот тренер на тимот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман во едно опширно интервју вели дека сеуште не е свесен дека е на чело на така голем клуб.

“Секако, понекогаш морам да се штипнам за да се освестам и да сватам дека не е сон. Она што ми се случува е лудост и неочекуван развој во мојата кариера”, изјави Нагелсман, кој за неколку дена ќе наполни 34 години.

„Повторно сум повеќе или помалку дома“, вели младиот тренер кој е родум од местото Ландсберг на Лех, град на 65 километри од Минхен.

“Работата во еден од најголемите клубови во Европа е неверојатна можност што ме прави многу, многу среќен и понекогаш не верувам дека е вистина. Но, сега сè ми изгледа многу реално”, додаде тој.

Само за инфромација, Нагелсман до сега беше тренер на Ред Бул Лајпциг, а според шпекулациите Баерн за него плати 25 милиони обшететување.

“Мојата главна задача е да го продолжам успешниот пат на клубот. На го “отворам“ што се вели до максимум квалитетот, потенцијалот и талентот на овој тим”, додаде тренерот на Баерн.

ПретходноБеше резерва за Хрватска, а сега прави трансфер во Фиорентина
Следно„Blue sky investments“ официјално го презема Вардар, старт на подготовки в сабота