Претседателот на Бенфика во притвор – обвинет е за перење на пари и даночни измами

191

Луис Фелипе Виеира, претседателот на еден од најголемите фудбалски клубови во Португалија – Бенфика е притворен поради сомнеж дека извршил повеќе криминални дејствија. Тој ќе одговара на обвиненијата за даночни измами и перење на пари.

Обвинителството не го посочи името на првиот човек на Бенфика, но соопштија, дека четири лица се уапсени поради зделки во вредност од 100 милиони евра, со кои била оштетена државата и неколку компании.

Во четврток тие ќе се појават пред судот, каде ќе одговараат на обвиненијата. Обвинителството има докази за незаконско дејствие на овие лица од 2014 година па до сега.

Според телевизијата „РТП“, притворен е и бизнис партнерот на Виеира, Жозе Антонио дос Сантош, кој воедно е најголем акционер во Бенфика.

Од клубот се уште не соопштуваат ништо.

ФОТО: Твитер/Бенфика

ПретходноПикфорд го урна рекордот на Гордон Бенкс во минути без примен гол
СледноЕУРО 2020: Данска добро се држи – ќе се играат продолженија на „Вембли“