Претседателот на италијанскиот фудбалски сојуз Габриеле Гравина, испрати писмо до италијанската влада за да побара отворање на стадионите за публика за новата сезона 2021/2022.
Гравина побарал од Владата мислење дали има можност на отворање на трибините за навивачите, односно дали тоа би било загрозување на здравјето.
Се очекува владата во следните неколку дена да донесе одлука и да одговори.
Неколку сценарија се во игра, а едно од нив и многу веројатно е дека ќе биде дозволено на стадиони на одредени региони каде што епидемиолошката состојба е стабилна, да се дозволи публика, како што е примерот во Германија.










