Повредениот италијански репрезентативец Леонардо Спинацола, немаше среќа да го заврши Еуро 2020 со својата селекција која обезбеди финале, но неговите соиграчи не го заборавија ниту по вчерашниот меч. „Аѕурите“ прославувајќи ја победата над Шпанија подготвија вистински перформанс како поздрав до својот колега кој од кревет ја гледаше победата на „аѕурите“.
Но и самиот Спинацола на свој специфичен начин ја прослави победата на Италија. На социјалните мрежи се појави видео од тоа како тој го следеше мечот синоќа и како го прослави последниот гол на Жоржињо од белата точка.










