Луис Енрике: Не жалам за ништо, ќе навивам за Италија во финалето

708

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике призна дека е горд на пласманот во полуфиналето на неговиот тим. „Ла Фурија“ загуби на пенали и испадна на чекор до финалето. Сепак, стретгот вели дека не жали за ништо.

„Среќен сум што сум тука. Нивото на двата тима беше многу високо. Сите се обидуваа да играат добар фудбал. Се покажа како вистински спектакл за сите што го сакаат овој спорт. Честитки за Италија и посакувам да ја прикажат истата игра во финалето и да го подигнат трофејот. Не жалам за ништо. Секој мора да ја заврши својата работа на најдобар начин. Италија го започна натпреварот многу интензивно, како и ние. Како да гледав два спортски автомобили како се натпреваруваат еден со друг. Тоа беше најдобриот фудбал на ова Европско првенство“, рече Луис Енрике.

На прашањето дали навистина ќе навива за Италија во финалето, како што рече пред мечот, тој потврди:

„На Англичаните нема да имс е допадне ова, но да, ќе ја бодрам Италија во финалето“, вели Енрике.

ПретходноФеникс го отвори НБА финалето со убедлива победа над „Бакс“ (ВИДЕО)
СледноБонучи: Ова ми е најтешката и најслатката победа во кариерата