Германија денеска дојде до првиот златен медал во Токио. Натпреварувачката во кајак Рикарда Функ, го освои златниот медал.
Таа го заврши настапот со 25 бодови предност пред Мајален Кураут од Шпанија, и Џесика Фокс од Австралија.
„Не можам да верува. Едноставно чувството е фантастично. Ова е лудо“, изјави Функ.
По трката даа помисли и на најболниот момент во кариерата – смртта на нејзиниот долгогодишен тренер Стефан Хенџе.
Хенце почина за време на минатите игри во Токио во сообраќајна несреќа. Тој со такси заработи повреди на мозокот, а покрај борбата на лекарите да со спасат, сепак, не успеале.
После победата Функ беше прашана за тренерот.
„Тој е длабоко во моето срце. Секогаш е со мене, на секој тренинг, на секој натпревар. И натаму ги слушам неговите совети“, рече Функ.