Фудбалската федерација на Македонија предмалку најави преку социјалните мрежи дека се подготвува нов проект под нејзино покровителство, а тоа е автентичен подкаст односно емисија.
За што поточно станува збор ќе треба да дознаеме наскоро, кога е и најавен новиот проект да ја види светлината на денот.
Во секој случај, ваков проект секако дека е потребен, и веруваме дека истиот ќе биде место каде што фудбалските теми ќе бидат и тоа како дискутирани, и прашањата ќе добијат адекватен одговор од компетентни, стручни и автентични гости.















