ЖРК Чаир со победа против првакот на Азербејџан во ЕХФ Купот

0
ФОТО: WHC Cair/Facebook

Ракометарките на ЖРК Чаир попладнево славеа во првиот меч од 2.коло во ЕХФ Куопот против првакот на Азербејџан, тимот на Кур со 27:24.

Во текот на целиот меч ракометарките на ЖРК Чаир беа подобар состав, ги контролираа настаните на теренот а на крај како награда за таквиот настап дојде и победата од +3 голови разлика.

Кај победничкиот состав најефикасни беа Кралева со 7 погодоци, Хабиба постигна пет. Кај поразениот домашен тим Муртовиќ запиша седум голови.

Реваншот исто се игра во Азербејџан, во недела.

ПретходноМоже ли Македонија вечерва во Глазгов барем до гол, барем до бод?