Може ли Македонија вечерва во Глазгов барем до гол, барем до бод?

0

Вечерва од 20.45 часот на “Хемпден Парк“ во Глазгов, во меч од 5.коло во Б Лигата на Нации во групата 4, нашата А-репрезентација ќе ги одмери силите со силната селекција на Шкотска. Селекција која играше на последното СП 2026 и селекција која во овој циклус во Скопје славеше со 0:2.

Македонија е во серија од катастрофални резултати. Гоце Седлоски има осум меча во низа без победа, без постигнат гол. Во изминатите четири меча во Б Лигата на Нации, забележавме четири порази и затоа сме убедливо на последното место на табелата. Остануваат уште две средби, таа вечер во Глазгов и во понеделник во Скопје против Словенија. Ете шанса барем малку да го поправиме впечатокот, да потсетиме на некои не така далечни времиња кога игравме добро и кога со вака силни селекции, па и победувавме.

Но, тоа е минато, тоа е историја.

Ако некогаш ги бодревме нашите фудбалери да победат и против посилни од себе, сега бараме од нив барем да постигнат гол, ете тоа е нашарта реалност во моментов.

Јасно е дека на самите играчи им е најтешко, тие тоа самите си го признаваат. Сите потенцираат дека ќе бидат најсреќни кога оваа црна серија, поцрна не може да биде, да се прекине.

Па, нека се прекине вечерва на “Хемпден Парк“ во Глазгов со наш гол па и со некој бод, и тоа нека биде почеток на нешто добро кога станува збор за репрезентацијата.

Ќе биде тешко. Селекторот на Шкотска, Себастијан Покоњоли, најави дека неговите момци ќе тргнат од почеток со агресивна и напаѓачка игра и дека од нив бара само победа и нито друго. Ова значи дека Македонија против себе ќе има и тоа како мотивиран домаќин.

На фановите на македонската репрезентација и на оние кои не ја изгубиле вербата во оваа селекција на Седлоски, им останува само да се надеваат на добра игра, добар настап и секако добар резултат.

ПретходноЛига Нации: Клоп и Германија на гости во Белград, Словенија ја пречекува Швајцарија